29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИндијан Велс: Касаткина и Осака ќе се борат за титулата

Индијан Велс: Касаткина и Осака ќе се борат за титулата

Наоми Осака и Дарија Касаткина ќе се борат за титулата на мастерсот во Индијан Велс. Осака во полу-финалето ја победи првата носителка Симона Халеп, додека Касаткина со рпесврт славеше над Венус Вилијамс.

Русинката Касаткина по речиси три часа борба успеа да ја победи постарата од сестрите Вилијамс, Венус. 20-годишната Касаткина славеше со 4:6, 6:4, 7:5.

Венус е четврта грен слем шампионка која падна пред Касаткина во Индијан Велс. Русинката претходно ги победи Слоан Стивенс, Карлоин Вознијацки и Анжелик Кербер.

Во второто полу-финале, 20-годишната Јапонка Осака ја декласира најдобрата во светот Халеп со 6:3, 6:0 за само 65 минути игра.

Касаткина е 19. на ВТА листата, а Осака 44. во светот. со пласманот во финалето двете тенисерки значително ќе го поправат својот пласман на ВТА листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП