28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на соло албумот „Пази куче“ на Васко Атанасовски во Кинотеката на...

Промоција на соло албумот „Пази куче“ на Васко Атанасовски во Кинотеката на Македонија

На 23 и 24 март во Кинотеката на Македонија ќе биде промовиран соло албумот „Пази куче“ на Васко Атанасоски. Пред концертите ќе се прикажат два филма во селекција на Атанасоски, кои се дел од програмата „Уредник со причина“.

По негов избор на 23 и 24 март ќе биде прикажан филмот „Избавување“, американски филм од 1972 година, во режија на Џон Бoрман, според сценариото на Џејмс Дики, засновано врз неговиот роман. Филмот постигнал голем успех кај критиката и кај публиката, а бил номиниран за наградите „Оскар“ (во три категории – најдобар филм, режија и монтажа) и „Златен Глобус“ (во четири категории). Исто така, голема популарност постигнала и песната „Двобој со бенџо“.На 25 март ќе биде прикажан филмот „Најдолгиот пат“, култниот македонски филм на режисерот Бранко Гапо, а по сценарио на Петре М. Андреевски. Тоа е четвртиот игран филм на Бранко Гапо кој е базиран врз вистински настани од почетокот на 20. век. „Најдолгиот пат“ во 1976 година ја доби наградата Голема сребрена арена во Пула.

Влезниците за концертот на 23 и 24 март во претпродажба се 200 денари, а може да се купат само на билетарницата на Кинотеката на Македонија. На врата влезниците ќе чинат 300 денари, а за 25 март влезницата е 50 денари. Концертот започнува во 22 часот, a додека филмските проекции на 23 и 24 март се од 20 часот, проекцијата за 25 март е од 19:30. Пред почетокот на проекцијата на филмот на 25 март, Васко Атанасоски ќе се дружи со публиката со која ќе разговара за филмовите од програмата.

„Пази куче“ е првиот соло албум на Васко Атанасоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП