20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајголемо зголемување на пазарната вредност оствари Салах

Најголемо зголемување на пазарната вредност оствари Салах

Истражувањата на Фудбалската група на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) ги објави резултатите од своето најново истражување.

Организацијата од Нојшател, која детаљно се занимава со сите статистички податоци во светот на фудбалот, во своето последно истражување се занимава со зголемувањето на вредноста на фудбалерите во најсилните пет европски првенства.

Истражувањето на ЦИЕС ги опфаќа изминатите шест месеци.

Најмногу својата вредност на фудбалскиот пазар, според истражувањето на ЦИЕС, ја зголемил напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. Цента на Салах пораснала 74,7 милиони евра и тој на фудбалскиот пазар сега вреди 162,8 милиона евра.

Голем скок бележи и голманот на Манчестер Сити, Едерсон, за кого минатото лето „граѓаните“ платија 24,3 милиони евра. Едерсон сега е проценет на 98,7 милиони евра.

Во топ-5 на ова истражување се наоѓаат уште двајца играчи на Манчестер Сити, Лирој Сане и Габриел Жесус.

Сане е на третата позиција. Во однос на септември минатата година неговата вредност пораснала 63 милиони евра, односно, според ЦИЕС, тој сега вреди 151,2 милион евра.

Жесус за кого Сити плати 52,8 милиони евра, сега е проценет на 105,9 милиони евра.

Меѓу играчите на Сити, на четвртото место се смести тинејџерот од ПСЖ, Килијан Мбапе, неговата вредност пораснала 54,7 милиони евра. Францускиот репрезентативец сега вреди 188,5 милиони евра.

На листата на ЦИЕС, на која има 50 имиња, Балканот го преставуваат двајца репрезентативци на Србија: Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) и Немања Матиќ.

Милинковиќ-Савиќ е на деветтото место, вредноста му се зголемила 40,7 милиони евра и во однос на септември минатата година тој има вредност од 70,5 милиони евра.

Матиќ е на 24. место, вреди 29,5 милиони евра повеќе од времето кога го направи трансферот во Манчестер Јунајтед. Цената на Матиќ изнесува 60,3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП