25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг: Криптовалутите се најголема закана во 2018-та

Блумберг: Криптовалутите се најголема закана во 2018-та

ИТ експертот Џејсон Блумберг објави статија во „Форбс“ во која предупреди дека илегалното тргување со криптовалути е најголемата закана во 2018-та и дека треба со закон да се забрани.

„Минатата недела напишав статија за илегалното тргување со криптовалути – за тоа како хакерите вградуваат софтвер за трансакција на криптовалутите во деловните мрежи, личните компјутeри и други уреди. Се обидов да предупредам и го нареков тоа најголемата закана во 2018-та. Но не отидов премногу далеку“, пишува Блумберг во новата статија за „Форбс“.

По долго размислување, Блумберг дошол до заклучок дека илегалната трговија со криптовалути е толку застрашувачка што би требало да се укинат сите криптовалути.

„Ваквиот вид напади може толку брзо да се прошират на многу компјутери, мрежи и бази за податоци ширум светот. Моето мислење е дека технологијата за превенција или ублажување на овие подли „инфекции“ никогаш нема доволно добро да функционираат. Постои само еден начин за совладување на заканите: Мора со закон да се забранат сите криптовалути кои постојат“, пишува Блумберг.

Една од причините е поради тоа што областа на криптовалутите е толку подложна на илегална трговија. Накратко, тоа значи дека било кој на интернет може да работи со криптовалути, да ги продава, купува или „копа“/создава со помош на посебен софтвер.

„Проблемот во работењето без дозвола е во тоа што ништо неможе да ги спречи криминалците во тргувањето и создавањето криптовалути. Нормално, не се сите криминалци кои создаваат криптовалути, но многу учествуваат во илегални активности, како што е избегнувањето плаќање данок, перењето пари или финансирањето тероризам. Меѓутоа, најстрашна од сите криминални активности е илегалното создавање криптовалути“, вели Блумберг.

„Хакирањето на нашите компјутери е многу лесно – потребна е само една жртва, една посета на „заразена“ страна, едно превземање на лажна апликација од интернет и „бум“! – хакерот е внатре“, потенцира тој.

Додека експертите за сајбер-безбедност се борат со типичните хакерски напади, сотферот за создавање на криптовалути технички не е малиген и може да се вгради во секој компјутер. Се додека тој компјутер има пристап до интернет, хакерите кои го вградиле софтверот можат без проблем да работат со криптовалутите“, смета Блумберг.

„Најопасниот аспект од илегалното создавање на криптовалутите е што може да се случува неограничено. Впрочем, хакерите ништо не крадат, освен малку струја. Во овој свет полн со страшни закани, создавањето на криптовалути секогаш ќе биде на крајот на листата на приоритети. Се додека во целост не се сруши целата мрежа“, предупредува Блумберг.

Телата за регулација ширум светот се борат против перењето пари по правилото компаниите треба да знаат со кого работат, што во теорија би требало да се намалат изгледите за криминални активности. Би било логично да се примени истото правило при работењето со криптовалути. Меѓутоа, тоа не може да функционира во системот за работа без дозвола“, истакнува Блумберг.

„Ако само една личност во ланецот е криминалец, сите тогаш се дел од криминална активност“.

„Кога ќе извршите трансакција со биткоин, кој всушност ја спроведува? Тоа не е ниту трговец, ниту берза, ниту „рудар“ кој за тоа е награден. Тоа е секоја личност во синџирот, затоа што така функционира работењето. Вистина е дека само еден „рудар“ ќе биде награден, но трансакцијата е забележана кај секоја личност во синџирот“, објаснува Блумберг и предупредува: „Од тоа, ако само еден од трговците со криптовалути е криминалец, вие со секоја трансакција на таа криптовалута ја поддржувате криминалната активност. И верувајте, бројот на криминалци кои работат со криптовалути расте од ден во ден“.

Блумберг заклучува дека во светот на криптовалутите остануваат две опции: воведување на дозвола за работа или во целост укинување на криптовалутите: „Уживајте во светот на тргување на криптовалути без дозвола додека можете, затоа што деновите се одброени“, предупреди Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП