24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТојота во Кина отвора фабрика за производство на батерии

Тојота во Кина отвора фабрика за производство на батерии

tojoota

Компанијата Тојота има во план на територијата на Кина да отвори фабрика за производство на батерии кои ќе се користат во хибридните модели.

Официјалниот претставник на оваа компанија, Таканори Јокои наведува дека овој производител веќе започнал преговори со „Hunan Corun New Energy“ за заедничко производство на батерии за хибридните возила кои Тојота ќе ги продава на територијата на Кина почнувајќи од 2015-та година.

Покрај тоа во план е развој и производство на компоненти за хибридните возила кои исто така ќе се продават во Кина, а се со цел да се намали цената на овој вид на автомобили. Јапонскиот автомобилски гигант планира во текот на 2015-та година да претсави два релативно достапни хибридни модели, еден во соработка со „Guangzhou Automobile“, а другиот во соработка со „FAW Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП