18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRimac го претстави својот втор автомобил - „C_Two“ (фото+видео)

Rimac го претстави својот втор автомобил – „C_Two“ (фото+видео)

Хрватскиот производител на автомобили – Rimac Automobili го претстави својот втор електричен модел – „C_Two“ на саемот во Женева.

Новиот модел на компанијата е главно направен од алуминиум и карбон, придвижуван од четири електрични мотори. Тие развиваат моќ од 1888 КС. и 2300 Nm вртежен момент, што овозможува забрзувањето од 0 до 96 км/ч да се спроведе само за 1,85 секунди, а максимална брзина е од 412 км/ч. Така хрватскиот автомобил се испоставува побрз од „Tesla Roadster“ кој од место до „стотка“ стигнува за 1,9 секунди.

За предните тркала производителот користел комплет од едностепени менувачи, а за задните – двостепени такви. Автомобилот со нула емисија, исто така, има опција да го прилагоди погонот. Тоа вклучува способност да се исклучи само една оска или односот помеѓу двете е точно 50/50.

Моторот се напојува со батерија со 120 kW / h која овозможува оптимална работна температура дури и кога се вози побрзо. Според „Rimac“, радиусот на движење со едно полнење е околу 650 км.

Во автомобилот се вградени 8 борд камери, два „LIDAR“-сензори, 12 ултразвучни сензори, како и шест емитери. Моделот „C_Two“ ќе им предложи на идните сопственици и „GPS“ систем, опција за автономно возење, препознавање на лицето за отклучување, стартување на возилото без клуч, адаптивна електрична суспензија, како и систем кој одредува оптималните вредности на показателите при различни временски услови.

Иако засега цената се уште не е позната (се претпоставува дека ќе биде 1,7 милиони евра), производството на „C_Two“ ќе започне подоцна во оваа година, а од моделот ќе бидат направени само 150 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП