25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибридната Skoda Superb пристигнува следната година

Хибридната Skoda Superb пристигнува следната година

Модификацијата на „Skoda Superb“ со хибриден агрегат (plug-in) ќе се појави на пазарот во 2019-та година, соопшти весникот „Auto Express“, повикувајќи се на свои извори од чешката компанија.

Ова ќе биде првиот модел во историјата на чешката марка, опремен со хибриден систем „PHEV“ кој се полни од електричната мрежа. Предводникот на „Skoda“ ќе добие агрегат од „VW Passat GTE“, кој вклучува бензински 1,4 литарски турбомотор „TSI“ со моќност од 154 КС и електромотор со 114 КС. Автомобилот ќе го добие менувачот „DSG“.

Вкупната моќност на погонскиот систем е 215 КС. Само на електрична енергија оваа „Superb“ верзија ќе оди до 70 км. Тоа е 20 километри повеќе од „Passat GTE“, а се постигнува со поставување на помоќна батерија со капацитет од 13 kW/h.

Според Мартин Храдлика, шеф на одделот за развој на енергетски агрегати на „Skoda“, просечната потрошувачка на хибридниот „Superb“ ќе биде во рамките на 1,6 l/100 km. Освен тоа „Superb PHEV“ ќе биде еколошки и побрз од „германскиот брат“, кој со овој агрегат забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,4 секунди и развива 220 км/ч.

„Skoda“ сака да го користи хибридниот систем за други модели. Првиот кој ќе го добие агрегатот по „Superb“ е кросоверот „Kodiaq“. Во подоцнежна фаза слични верзии ќе имаат „Karoq“ и „Octavia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП