18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАIntel купи дел од ST-Ericsson

Intel купи дел од ST-Ericsson

intel_12112g

Од „Reuters“ официјално соопштија дека компанијата „Intel“ го купила делот на „ST-Ericsson“ кое е одговорно за развојот на „GPS“. До последно договорот не беше официјално објавен од ниедна од двете компании, но оваа информација ја потврди претставник од компанијата купувач.

Во моментов нема детали за финансиските параметри на договорот, но според експертите продажбата на „GPS“ оделот на компанијата ќе доведе до намалување на нејзините трошоци за не помалку од 90 милиони долари.

Истовремено продавањето на „ST-Ericsson“ започна уште во јануари, кога од компанијата, која е заедничка компанија на „STMicro – Ericsson“ најавија дека ќе затворат тој одел поради лошите резултати кои ги има од работењето.

Интересно е дека проблемите на компанијата се резултат на намалените нарачки од „Nokia“, кои пак биле нивен главен клиент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП