28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаалски полицаец- заштитник и пријател

Маалски полицаец- заштитник и пријател

Полицаецот позорникар ќе биде нашиот пријател – заштитник во секое време е ставот на Министерството за внатрешни работи кое после две децении ги враќа поцијаците на улица, како заштитници на бебедноста и спокојот на граѓаните.

За овој проект полицијата се одлучи поради се зачестените кражби на автомобили, велосипеди, банки и продавници, разбојништва по станови, па и физички пресметки на ученици во автобусите и пред училиштата.

Маалскиот-полицаец треба да превенира и да обезбеди безгрижна детска игра надвор, а тинејџери безбедно да се враќаат дома.

Овој проект на МВР веќе почна да се реализира во неколку градови во Македонија. Скопје ги чека новите полициски регрути, а скопјани оваа година ќе го добијат својот маалски полицаец-позорникар.

Во минатото тие беа симбол на безбедноста во едно маало. Родителите беа сигурни да ги пуштат децата на улица и безгрижно да играат. Велосипедот и да не е врзан се знаеше дека ќе биде онаму каде што е оставен, а и да бил украден за кратко време позорникарите ќе му го вратеа на сопственикот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски овој проект го најави минатата година, кога беше на чело на полицијата во Владата која требаше да спроведе фер избри. На почетокот на оваа година во Штип, а во февруари и во Куманово позорникарската служба почна да функционира како сервис што треба да понуди сигурност за безбеден живот.

Полицаецот кој на подрачјето на кое е назначен да врши надзор, го заштитува животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, спречува извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, укажува потребна помош и заштита на граѓани и врши набљудување на подрачјето со забележување и оценка на безбедносната состојба.

Колку позорникари се потребни едно маало или населба

Подрачјето на кое се врши позорна дејност се дели на позорни терени. Два или повеќе позорни терени сочинуваат еден безбедносен реон. Како што појаснија од МВР, бројот и големината на реоните и терените во нив, се утврдува според бројот на населението, бројот и значењето на објектите, состојбите во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, безбедноста на сообраќајот на патиштата и други безбедносни елементи значајни за организацијата на полициските работи на подрачјето. За секој позорен терен се определува потребен број полициски службеници. Реоните и терените се определуваат од страна на началникот на Секторот за внатрешни работи на чие подрачје се наоѓа полициската станица од општа надлежност, по писмен предлог на командирот на полициската станица.

За да се реализира овој проект МВР треба да обезбеди човечки ресурси за кои вели дека сеуште се работи на тоа, а дел од тие активности се и новите конкурси што ги објави Министерството.

Секоја полициска станица во Секторите за внатрешни работи, во зависност од човечките ресурси со кои моментално располага, планира и реализира соодветен број на позорни, патроли или мотопатролни дејности на своето подрачје,

Маалски полицаец

Позорната дејност се врши во урбани средини, индустриски и сообраќајни центри, како и во туристички места врз основа на елаборат изработен од страна на полициската станица на чие подрачје се врши. Во него се планира и потребен број на полициски службеници за вршење на позорната дејност, кој се утврдува врз основа на големината на подрачјето, бројот на населението, бројот и значењето на објектите. Поради наведеното за ефикасно и ефективно применување на овој начин на вршење на полициски работи потребна е доволна бројка на извршители.

Како една од причините за неспроведување на ова решение на МВР во изминатиот, наведоа дека тоа е поради голем одлив на човечките ресурси од Министерството за внатрешни работи по основ на пензионирање, во применување други начини на вршење на полициски работи, како што е патролната и мотопатролната дејност, а поради реален недостаток од полициски службеници.

-Со повеќекратниот прием на нови кандидати, кои успешно ја минаа обуката и станаа полициски службеници, тој недостаток од човечки ресурси делумно се надомести, така да се создадоа предуслови за повторно воведување на позорната дејност, појаснуваат од МВР.

До Министерството за внатрешни работи поставивме прашање, а за кое МИА претходно пишувеше, зошто, како што е во повеќе европски земји, не се заштеди на човечки ресурси во полицијата со тоа што дел од ингеренциите на МВР како што е обезбедување на одредени министерства и амбасди, не ги превземе приватното обезбедување. За ова и професори од Факултетот за Безбедност во Скопје сметаат дека е добро решение и дека нема да има ни финансиски импликации да се спроведе.

-Во однос на прашањето поврзано со обезбедувањето на објектите на странски дипломатско конзуларни претставништва, напоменуваме дека обврската за обезбедување на овие објекти е уредена со меѓународни договори, каде согласно принципот на реципроцитет овие објекти се обезбедуват исклучиво од припадниците на Министерството за внатрешни работи, одговорија од МВР.

Јавна поддршка за проектот „Маалски полицаец – позорникар“ даде и Македонскиот полициски синдикат (МПС) како социјален партнер на МВР и заштитник на правата на вработените во Министерството. Според нив присуството на полицајците во локалните помали средини ќе значи поголемо чувство на сигурност кај граѓаните, но во исто време ќе претставува и зголемена превенција од вршење на кривични дела и прекршоци.

-Ние сметаме дека проектот „Маалски полицаец – позорникар“ треба да се развие во „Секторски метод на работа“, односоно начинот на работа на кој треба да се придржуваат сите полицајци со сите карактеристики на времето во кое живееме и во иднина да претставува основен метод за работа на полициските станици, велат од МПС.

Од Синдикатот апелират до Министерството да внимава при реализацијата на проектот „Маалски полицаец – позорникар“, на почитување на одредбите кои се однесуваат на правата на работниците од работниот однос, како што се: работно време, одмор, пауза, исплаќање на сите остварени надоместоци итн. Според нив Министерството многу бргу треба да го нормира проектот во определен метод на работа на полициските станици, како и да ги предвиди сите стандардни оперативни процедури за вршење на полициските работи, притоа не одминувајќи го процесот на континуирана обука на работниците.
Борис Куноски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП