18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗОИ 2018: Повеќе од 1,3 милиони посетители ги проследија натпреварите

ЗОИ 2018: Повеќе од 1,3 милиони посетители ги проследија натпреварите

Зимски олимписки игри во Пјонгчанг ги следеле преку 1,3 милиони луѓе. Овој податок го соопшти претседателот на организацискиот комитет Хи Бом Ли за време на 132-та седница на ИОК.

– Олимписките игри беа посетени од 1.336.326 гледачи. Беа продадени 1.075.995 билети. Најпосетен ден беше 17 февруари, кога на Игрите имаше публика 146.506 гледачи, кажа Ли.

Зимските олимписки игри во Пјонгчанг завршуваат денеска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП