16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧовекот кој купи биткоини за нула долари

Човекот кој купи биткоини за нула долари

Биткоинот сѐ уште е во фаза на развој, и ќе остане така за некое време, што меѓу другото значи дека трговците на тие платформи мора да ги решаваат проблемите што ќе се појавуваат.

Непознатите се непожелни во која било сфера на бизнисот, особено кога станува збор за големи суми на пари, а неодамнешната грешка во системот на јапонската платформа за тргување покажа како изгледа во пракса кога станува збор за крипто-бизнис. Така, јапонската компанија за трговија со криптовалути- Zeif, сега се бори со корисникot кој “купи” за нула долари биткоини вредни 20 милијарди долари.

Како што пишува Gizmodo, проблемот беше едноставен – мала грешка во платежниот систем, му овозможи на Zeif да продава неколку минути биткоини за нула долари. Јасно е дека некои корисници се обиделе да го злоупотребат, а еден од нив успеал и купил биткоини во вредност од 20 милијарди долари. Очекувано, “купувањето” беше прогласено за неважечко, но правилно го илустрираше проблемот што постои со биткоините. Цената од нула долари е очигледно грешка, но ќе се случи ако системот постави цена која не е толку очигледна, а сепак не е точна? Дали продавачот е обврзан да ја почитува цената, дали клиентот ги задржува виртуелните монети, и на крај, кое регулаторно тело ќе се справи со овој проблем?

Овие прашања остануваат неодговорени кога станува збор за биткоинот, како и за останатите криптовалути. Идејата за децентрализирана валута со кој се гарантира автономија и имплицира искреност се чини дека не е целосно функционална, а прашањето е чие право е поголемо кога ќе има некоја грешка во цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП