29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor's го зголеми кредитниот рејтинг на Русија

Standard & Poor’s го зголеми кредитниот рејтинг на Русија

Меѓународната агенција „Standard & Poor’s“ го зголеми кредитниот рејтинг на Русија до инвестициско ниво „ВВВ-“ од шпекулативното ниво „ВВ+“, информира ТАСС.

Прогнозите на рејтингот се менуваат од „позитивни“ на „стабилни“.

„Демонстрираната приврзаност кон конзервативна макроекономска политика најверојатно ќе ги поддржува силните надворешни и фискални салда на Русија, а флексибилниот девизен курс ќе и овозможи на економијата да ги преземе шоковите кои би можеле да дојдат од построгите санкции или пониските цени на суровините. Падот на голем број приватни банки не ја поткопа финансиската стабилност и гледаме рани знаци на закрепнување на кредитирањето“, наведува агенцијата.

Поради овие причини, велат експертите, рејтингот на Русија во странска и домашна валута се зголемува соодветно до „ВВВ-/А-3“ и „ВВВ/А-2“.

Агенцијата „Fitch“, од своја страна, одлучи да го потврди кредитниот рејтинг на Русија на ниво на инвестиции на „ВВВ-“ со позитивен изглед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП