28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинески претприемач стана најголемиот акционер во Daimler

Кинески претприемач стана најголемиот акционер во Daimler

Претседателот и главен сопственик на кинескиот производител на автомобили „Geely“, Ли Шуфу има купено удел од 9,69% во „Daimler“, соопшти германската компанија во својот извештај од петокот, цитиран од светските агенции.

Уделот, кој е во вредност од речиси 9 милијарди долари при сегашната проценка на акциите на „Daimler“, го прави Ли најголемиот поединечен акционер во производителот на автомобили, камиони и комбиња „Mercedes Benz“, чие седиште се наоѓа во германскиот град Штутгарт.

Извори на „Ројтерс“ овој месец изјавија дека „Geely“ купува акции во „Daimler“, обидувајќи се да склучи сојуз за заедничка работа во областа на технологијата на електричните автомобили – реакција на кинеските барања за почисти автомобили со цел да се намали загадувањето.

Портпаролот на Daimler го нарече купувањето на делот како приватен бизнис на Ли.

„Среќни сме што со Ли Шуфу освоивме уште еден долгорочен инвеститор кој е убеден во иновативните способности, стратегијата и идниот потенцијал на „Daimler““, изјави портпаролот.

„„Daimler“ го знае и го почитува Ли Шуфу како кинески претприемач со исклучителни компетенции и напредно размислување“, додава тој.

Во ноември, извори од „Ројтерс“ рекоа дека „Daimler“ ја отфрли понудата на „Geely“ да купи удел од 5 отсто.

„Zhejiang Geely“ е сопственик на „Volvo Cars“, како и производител на традиционалните црни такси возила во Лондон. Минатата година, таа доби 49,9 отсто од акциите на малезискиот производител на автомобили „Proton“.

Купувањето на Ли Шуфу го прави најголемиот акционер во „Daimler“, излегувајќи пред „Kuwait Investment Authority“, кој на 30-ти септември поседувал 6,8%, покажуваат податоците на „Thomson Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП