19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиогигантот се повлекува од Романија - „бројките слаби“

Авиогигантот се повлекува од Романија – „бројките слаби“

Ирската нисобуџетна авиокомпанија „Ryanair“ објави дека ќе ја затвори својата база во Темишвар, во Романија.

Компанијата соопшти дека ќе ги повлече авионите од таа база поради лошиот учинок и дека ќе ги угаси рутите кон Брисел, Берлин, Франкфурт, Дизелдорф и Лондон. Ќе ги одржува рутите само од Темишвар до Милано и Букурешт.

Сите потенцијални патници ќе бидат известени по пат на е-пошта и СМС за нивните опции – за целосно враќање на парите или бесплатен трансфер до алтернативна рута.

Оваа одлука „Ryanair“, како што пренесувааат медиумите, е резултат на слабите комерцијални резултати, во време кога постои растечка побарувачка за билетите на „Ryanair“ на други аеродроми ширум Европа.

Базата во Темишвар е првата која „Ryanair“ ја отвори во Романија, во јануари 2016 година. Авиокомпанијата има база и во Букурешт, која е основана минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП