18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес oблачно со локални врнежи од дожд

Денес oблачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 6 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 10 степени.

Oд утре нашето подрачје ќе биде под влијание на студена и влажна воздушна маса од која ќе има врнежи од снег. Во крајниот југоисток врнежите ќе бидат најпрво од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат ноќта и во понеделник во текот на денот, особено во западните и јужните делови. До вторник се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. Насекаде ќе се формира снежна покривка од околу 10 см, а на планините ќе дојде до значително зголемување на истата (над 30 сантиметри).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП