23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп воведе досега најголем пакет-санкции за Северна Кореја

Трамп воведе досега најголем пакет-санкции за Северна Кореја

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, стави под санкции повеќе од 50 брода на поморски и трговски компании од Северна Кореја во најновиот обид да го зголеми притисокот врз земјата поради нејзината нуклеарна програма, објави „Асошиетед прес“ (АП).

Трамп рекол дека ова е најголем пакет-санкции воведени досега кон Северна Кореја. Санкциите се насочени кон приходите од гориво и трговија.

Објавата доаѓа во моменти кога Јужна Кореја е домаќин на Зимските олимписки игри и постои можност двете Кореи тоа да го искористат како шанса да ги обноват преговорите, објави АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП