29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПијанистот со најбрзи прсти, Питер Бенс, првпат во Македонија

Пијанистот со најбрзи прсти, Питер Бенс, првпат во Македонија

Унгарскиот пијанист Питер Бенс, кој го освои интернетот со своите преработки на хитовите на Мајкл Џексон, „Квин“ и Сиа, на 31 мај првпат ќе гостува во Македонија.

Тој доаѓа во рамките на програмата за одбележување на јубилејниот 20. по ред фестивал „Таксират“. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје.

Питер Бенс е новата голема ѕвезда која одржува концерти секаде во Европа. Тој е влезен во Гинисовата книга на рекордите како пијанист со најбрзи прсти. Од класична до филмска музика, од рок до поп, од Бах до „Битлси“, овој музичар ги руши сите бариери помеѓу класичната и модерната музика.

Минатата година тој отсвире 20 концерти на четири континенти.

Влезниците за концертот на Питер Бенс се веќе достапни во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП