19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCupra ќе дебитира како бренд во Женева со Atecа (фото+видео)

Cupra ќе дебитира како бренд во Женева со Atecа (фото+видео)

Уште во јануари, „Seat“ објави дека ќе ги пушти своите спортски модели во посебен бренд – „Cupra“. Првиот е кросовер кој беше официјално претставен во Барселона.

Автомобилот е изграден на стандардниот „Seat Ateca“ и е опремен со 2.0-литарски бензински турбо мотор кој развива 300 КС. Според претставниците на шпанскиот производител, ова е еден од „највпечатливите мотори во светот“, кој работи во комбинација со 7-степен „DSG“ пренос.

Сите вртежи се пренесуваат на тркала со посебен 4×4 систем, кој ги анализира условите на патот во реално време за да го дистрибуира ударот. Системот ја фиксира брзината на движење на возилото како и брзината на секое тркало со цел да се постигне најдобра влечна сила.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај „Ateca Cupra“ трае 5,4 секунди, а максималната брзина е 245 км/ч. Спортскиот кросовер има голем број на режими за контрола на електрониката – „Normal“, „Sport“, „Individual“, „Snow“, „Off-Road“ и „Cupra“. Последниот ја прави суспензијата посилна, а реакцијата на моторот е побрза.

„„Cupra“ е одлична можност за „Seat“, за нашите клиенти и за бизнисот. Овој проект се појави како сон на група луѓе кои бараат нови начини за привлекување на повеќе клиенти. Овој модел – „Cupra Ateca“, покрај спортскиот „SUV“ кој е уникатен за сегментот, исто така, може да се дефинира како премиум-класа производ“, рече компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП