29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната забави на најниско ниво од пред шест месеци

Инфлацијата во еврозоната забави на најниско ниво од пред шест месеци

Инфлацијата во еврозоната продолжува да се забавува и во јануари, достигнувајќи најниско ниво од пред шест месеци на месечна основа. Потрошувачките цени се зголемија за 1,3% во првиот месец од годината во однос на 1,4% во претходниот месец, покажуваат последнните податоци на „Еуростат“.

Споредено со истиот период од минатата година, имаше и сериозно забавување, при што инфлацијата во регионот изнесуваше 1,8%. Ова е исто така најниско ниво од јули 2017-та година.

Потрошувачките цени во Европската унија (ЕУ), исто така, забавија за 0,1 процентни поени во јануари во однос на претходниот месец – до 1,6%. Ова е исто така најниско ниво од јули 2017-та година. Споредено со истиот период во 2017-та година, падот беше ист – инфлацијата тогаш повторно беше 1,7%.

За јануари во една земја на ЕУ е забележана дефлација – Кипар, 1,5%. Најниската стапка на инфлација во јануари беше објавена од Грција (0,2%) и Ирска (0,3%). Литванија и Естонија (3,6%) и Романија (3,4%) беа најголеми.

Наспроти декември 2017-та година годишната инфлација се забавила во 21 земји членки, останала стабилна во една и се зголемила во шест.

Најголем пораст за влијание врз инфлацијата во еврозоната имале цените на услугите (0,56 пр.п.), следени од храната, алкохолот и тутунските производи (0,39 пр.п.), енергијата (0,22 пр.п .) и неенергетски индустриски производи (0,15 процентни поени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП