23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан меморандум за соработка помеѓу Центар и еснафот на Старата скопска чаршија

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Центар и еснафот на Старата скопска чаршија

Општина Центар и еснафот на Старата скопска чаршија потпишаа меморандум за соработка со цел заеднички да делуваат во јакнење на меѓусебните односи, заеднички настап и за подобрување на условите за работа на занаетчиството.

Општина Центар,  претставувана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претставникот  и советникот од еснафот, Мухамед Љамалари  на заедничката средба договорија промовирање на занаетчиството и заживување на чаршијата преку заеднички проекти и активности.  Нагласена е потребата за ревитализирање и осовременување на инфраструктурата на старата скопска чаршија, редуцирање на бариерите и отворање на нови можности за соработка.

Сето ова ќе го поттикне зближувањето и доближувањето до заборавените културни вредности и единство на различностите, избалансиран развој на општината, како и зачување на традицијата и културана на старата скопска чаршија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП