18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP Inc. ја зголемува прогнозата за добивка за 2018-та

HP Inc. ја зголемува прогнозата за добивка за 2018-та

Производителот на принтери и персонални компјутери „HP Inc“ објави приходи и профит за првиот квартал што ги надмина очекувањата на „Волстрит“. Компанијата успеа да го постигне сето ова благодарение на зголемената продажба на компјутери и печатари, така што исто така ја зголеми годишната прогноза за профитот, објави „Ројтерс“.

Уделот на „HP“ од поранешниот хардверски бизнис „Hewlett-Packart“ ја зголеми својата вредност за 5,3 отсто на 22,53 долари за време на американскиот трговски договор.

Компанијата вели дека очекува нејзиниот профит по акција за фискалната 2018-та година да биде во опсег 1,90 до 2 долари, што е над претходната прогноза за 1,75-1,85 долари по акција. Сумата е над просечната прогноза на аналитичарите од 1,31 долари по акција.

Бизнисот на „HP Inc“ со персонални компјутери, кој носи речиси две третини од вкупните приходи на компанијата, бележи раст на приходите од близу 15% до 9,44 милијарди долари, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите за 8,50 милијарди долари.

И покрај намалувањето на пазарот на персонални компјутери во САД, компанијата продолжила да го зголемува уделот на пазарот, откако минатата година успеа да замени „Lenovo“ од топ позицијата на глобално ниво, покажуваат податоците на „Gartner“.

Компаниите како што се „HP“ се очекува да ги искористат предностите на побарувачката за поквалитетни персонални компјутери.

Според извештај на „Gartner“ луѓето кои ќе купуваат персонални компјутери, ќе обрнат внимание повеќе на квалитет и функционалност, а не на пониските цени што ќе се зголеми на просечните цени на пазарот на компјутери и ќе се подобри профитабилноста на долг рок.

Компанијата со седиште во Пало Алто која го заврши купувањето на бизнисот со печатачи на „Samsung Electronics“ во минатата година, изјави дека приходите од нејзиниот бизнис со принтери пораснале за 13,7% до 5,08 милијарди долари, што е над просечната прогноза на аналитичарите за 4,76 милијарди долари.

Вкупниот нето профит, исто така, се зголеми – на 1,94 милијарди долари, или 1,16 долари по акција, за кварталот кој заврши на 31-ви јануари. Една година порано износот бил 611 милиони долари или 36 центи по акција.

Вкупните приходи скокнаа за 14,5 отсто на 14,52 милијарди долари. Со исклучок на некои еднократни ефекти, компанијата заработи 48 центи по акција.

Просечната прогноза на аналитичарите беше за 42 центи по акција при 13,49 милијарди долари приходи, покажуваат податоците на „Thomson Reuters I/B/E/S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП