19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ја одобри продажбата на пристаништето во Солун

Грција ја одобри продажбата на пристаништето во Солун

Грчките пратеници ја одобрија продажбата на 67 отсто од „Thessaloniki Port Authority“, компанија која управува со пристаништето во вториот по големина град во земјата. Договорот е вреден 232 милиони евра, пишува „ABC News“.

Парламентот го ратификуваше договорот за концесија до 2051-ва година. Тој беше потпишан во декември со конзорциум „South Europe Gateway Thessaloniki“. Конзорциумот ги вклучува германски „Deutsche Invest Equity Partners“, грчко-руската „Belterra Investments“ и француската „Terminal Link“.

Одобрението следи по приватизацијата на најголемото грчко пристаниште Пиреја во 2016-та година со продажбата на мнозинскиот удел на кинеската „Cosco Group“.

Во исто време, грчката влада соопшти дека се обврзала да ги продолжи реформите за намалување на трошоците и приватизацијата, откако меѓународното спасување на земјата ќе заврши во август. Во април, властите ќе ги претстават меѓународните доверители со план за развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП