19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонијатурист А.Д Скопје ги објави финансиските резултати за 2017 година

Македонијатурист А.Д Скопје ги објави финансиските резултати за 2017 година

Друштвото со своето работење во даванаесетте месеци од 2017 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 119,74 мил. денари која е за 8,45% помала во однос на истиот период од претходната 2016 година или нето добивка 109,95 мил. денари која е за 6,53% помала од истиот период во минатата година.

Работењето на друштвото беше во услови на бавен економски раст на глобалните економски активности и ниска стапка на инфлација, како и во услови на благ пораст на БДП во земјата, зголемени цени на производите на мало и зголемување на личната потрошувачка, а кое се одрази и врз остварените финансиски резултати од работењето на Друштвото во дванаесетте месеци од тековната 2017 година.

Вкупните приходи за 2017 год. изнесуваат 359,29 мил. денари и се остварени со 98% во однос на истиот период од претходната година, истите се за 1,91% помали во споредба со дванаесетте месеци од минатата 2016 година.

Вкупните трошоци и расходи од редовното работење во 2017 год. изнесуваат 239,55 мил. денари и се зголемени за 1,73% во однос на истиот период од 2016 година.

Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста високо ниво.

Во наредната година Менаџметот на Друштвото ќе настојува да го подобри резултатот од работење во однос на 2017 година.

  • Дивиденда

На 19.04.2017 година на Годишното собрание на акционерите на Друштвото е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2016 година во износ од 75.730.513 денари. Дивидендата за 2016 година е исплатена во законски определениот рок.

  • Обврски по кредити

Македонијатурист АД Скопје нема обврски по кредити и нема промени во нови кредитни задолжувања.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП