19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар е најпосакуваната дестинација за руските купувачи на имот во 2017-та

Кипар е најпосакуваната дестинација за руските купувачи на имот во 2017-та

Руските купувачи на имот инвестираат засилено во голем број европски земји, привлечени од достапните цени и можноста да добијат државјанство на земја-членка на ЕУ, соопшти консултантската компанија „Knight Frank“, цитирана од интернет изданието „Global Property Guide“.

Кипар е омилена дестинација на руските купувачи на недвижен имот, а побарувачката е зголемена речиси четири пати во минатата година во споредба со 2016-та година. Укинувањето на данокот на имот, обновата на економијата, по најнизок праг за добивање на државјанство на земја-членка на ЕУ и подобрувањето на пазарот на недвижности е главната причина за обновениот интерес на руските купувачи.

Тие инвестираат пари главно во Лимасол, вториот по големина град во државата на островот. Многу луксузни апартмани изникна на крајбрежјето, а локалните медиуми јавуваат дека повеќето странски купувачи се Руси. Градот го заработил прекарот „Лимасолград“ поради неговата слава на центар за руското офшор богатство и за богатите луѓе кои сакаат да го скријат имотот, објавија локалните медиуми.

„Русите купуваат станови главно во Лимасол со буџет од 1 до 5 милиони евра (1,24 до 6,2 милиони долари) во нови згради во близина на морето“, забележува „Knight Frank“.

Швајцарија е втората најпопуларна земја за руските купувачи на недвижен имот, а побарувачката во 2017-та година се зголемила трипати во споредба со претходните години.

Побарувачката за станови од Руси во Германија, Франција, Италија и Малта се зголемило за два пати во текот на 2017-та година. Тие го насочиле интересот кон нормални куќи и станови во познати градови и летувалишта во овие земји по цена помеѓу 1 и 2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП