25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors планира да инвестира 2,8 милијарди долари во својот бизнис во...

General Motors планира да инвестира 2,8 милијарди долари во својот бизнис во Јужна Кореја

Американскиот автомобилски концерн „General Motors“ (GM) планира да инвестира 2,8 милијарди долари во бизнисот во Јужна Кореја во наредните 10 години, така што побарал од властите во Сеул исто така да обезбедат средства за инвестицијата, соопшти јужнокорејски владин претставник, цитиран од „Ројтерс“.

Производител на автомобили од Детроит и јужнокорејските власти разговараа за можностите за реструктуирање на загубарската „GM Korea“, една од најголемите офшор компании на „GM“.

Минатата недела американскиот производител на автомобили објави дека ќе ја затвори фабриката во Гунан, југозападно од Сеул, и изјави дека во моментов работат за зачувување на трите преостанати фабрики во Јужна Кореја.

„GM“ побара од Јужна Кореја да внесе средства во „GM Korea“ преку државната корејска банка за развој (KDB), која поседува 17 отсто од акциите во компанијата. Корејската банка може да обезбеди средства за околу 476 милиони долари.

Официјалниот претставник рече дека е потребно да се испита внимателно предлогот на „GM“, за да се утврди дали инвестицискиот план е доволен за спасување на компанијата, која директно дава работа на околу 16.000 работници.

Министерот за трговија на Јужна Кореја, исто така, му рече на парламентот дека владата побара ревизија на „нетранспарентниот“ менаџмент на „GM“ во земјата.

Од „GM Korea“ не дадоа коментар во врска со овие информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП