28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонски Телеком прокнижи добивка од 22 милиони евра за 2017 година

Македонски Телеком прокнижи добивка од 22 милиони евра за 2017 година

Македонски Телеком АД-Скопје има водечка позиција на пазарот според остварените приходи на крајот од 2017 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи подготвени во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Вкупната нето добивка изнесува 1.381 милион денари и е зголемена за 33,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Приходите од продажба во 2017 година изнесуваат 10.221 милион денари, што претставува намалување од 2,5 отсто во споредба со 2016 година.

„Македонски Телеком во изминатата година ја зацврсти својата позиција на водечки интегриран давател на телекомуникациски услуги на пазарот, пред сè како резултат на нашето портфолио на конвергирани фиксни, мобилни и cloud услуги. Главниот фокус во 2018 година повторно ќе биде ставен на конвергентните услуги. Истовремено, следејќи ги технолошките трендови продолжуваме со модернизацијата на мрежата, што претставува  основа за  креирање на модерни и иновативни услуги и воведување на дигитизација во општеството. Едноставно, нашата визија е да им овозможиме на сите корисници да уживаат во можностите на новите технологии денес и во иднина на најдобрата мрежа во Македонија“, изјави Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од 2017 година е стабилен и изнесува 194 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од 2017 година изнесува 46 отсто, според интерните проценки.

Приходите од малопродажен Интернет и дигитална телевизија преку Интернет протокол („IPTV“) на крајот од 2017 година се зголемија за 1,8 отсто во споредба со претходната година. Во 2017 година, Македонски Телеком како резултат на високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство, оствари добри резултати во дигиталната телевизија. На крајот од 2017 година, бројот на IPTV корисници изнесуваше 117,5 илјади што претставува зголемување од 9,1 отсто во споредба со 2016 година. Со тоа, Македонски Телеком, според интерните проценки, достигна удел од 28,2 отсто на ТВ пазарот.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 48,6 отсто, а базата на претплатници на крајот од 2017 година изнесуваше 1.203 илјади. На крајот од 2017 година, приходите од говорни мобилни услуги се намалени за 5,5 отсто во споредба со претходната година, што е компензирано со приходите од неговорни мобилни услуги коишто се зголемија за 21 отсто. Намалувањето е резултат на намалените цени на националниот дојдовен мобилен сообраќај во терминација, комбинирано со зголемениот обем на сообраќај и намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација, што е компензирано со зголемувањето на приходите од пост-пејд.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП