25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГСОЛ им ја исплати октомвриската плата на вработените на ФЕНИ

ГСОЛ им ја исплати октомвриската плата на вработените на ФЕНИ

Global Special Opportunities Ltd. (GSOL), компанијата што има договор за преработка на руда со ФЕНИ, им ја исплати октомвриската плата на вработените. Сите 748 вработените на ФЕНИ Индустри го добија месечниот надоместок за месец октомври. Октомвриската плата беше влезена и во стечајната маса. Исплатата на платата беше договорена во соработка со гранковиот синдикат СИЕР.

Со потпишувањето на договорот за повторно започнување на производството на ФЕНИ по јавниот повик од стечајниот управник, ГСОЛ ги задоволи сите барања и уплати финансиски средства од најмалку 10 милиони евра за да го гарантира исполнувањето на своите обврски според договорот.

Дел од овој договор е рестартирање на производниот процес, обезбедување плати за вработените и покривање на сите трошоци, како и обезбедување на сите ресурси потребни за рестартирање на производниот процес.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП