20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПерсоналот бара поголеми плати, приземјена уште една авиокомпанија

Персоналот бара поголеми плати, приземјена уште една авиокомпанија

Дел од летовите на француската авиокомпанија „Air France“ од Пaриз беа откажани вчера поради штрајк на вработените.

Откажани беа половина од долголиниските летови од Пaриз, наведува АФП и додава дека работниците од „Air France“ бараат зголемување на заработката од шест проценти.

Планот на компанијата беше да реализира 75 проценти од планот за летови, и покрај фактот дека околу 28 проценти од вработените стапија во штрајк, се наведува во соопштението.

На патниците кои патуваат денес им се советува да ги заменат картите без дополнителни трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП