29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBroadcom ја намали понудата за Qualcomm до 117 милијарди долари

Broadcom ја намали понудата за Qualcomm до 117 милијарди долари

Производителот на микрочипови „Broadcom Ltd“ ја намали понудата за купување на „Qualcomm Inc“ со 4% до 117 милијарди долари, бидејќи се противи на одлуката на „Qualcomm“ да ја зголеми сопствената понуда за холандската „NXP Semiconductors NV“ до 44 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“.

„Qualcomm“ одговори дека „Broadcom“ направила „уште полош предлог“, поставувајќи почеток на конфронтацијата на 6-ти март, кога акционерите на „Qualcomm“ треба да го изберат 11-члениот борд на директори и да одлучат дали да предадат контролата на шестмината кандидати предложени од „Broadcom“.

Спојувањето меѓу „Broadcom“ и „Qualcomm“ може да стане најголемото технолошко стекнување досега. Битката за апсорпција е во основата на трката за консолидација на секторот за опремата со безжични технологии, бидејќи производителите на смартфони, како „Apple Inc“ и „Samsung Electronics Co Ltd“, користат доминантно место на пазарот, за да преговараат за пониски цени за чипови.

„Broadcom“ изјави дека зголемената понуда на „Qualcomm“ ќе доведе до преценување на „NXP“ и како резултат на тоа ќе ја намали сопствената понуда.

„Управниот одбор на „Qualcomm“ се спротивстави на интересите на своите акционери“, соопштија од „Broadcom“.

Одот ги зголемува шансите „Qualcomm“ да ја купи „NXP“ и да ги намали шансите за договор „Broadcom-Qualcomm“, пишува аналитичарот на „CFRA Research“, Скот Кеслар.

„Broadcom“ исто така го критикуваше „Qualcomm“ за тоа дека не се поврзани со неа, пред да ја подигне својата понуда за „NXP“, како што препорачува компанијата за консултантски услуги „Institutional Shareholder Services Inc“.

Од своја страна „Qualcomm“ ја заштити вредноста на договорот со „NXP“, кој според неа ќе ги прошири пазарите на „Qualcomm“ и ќе предложи штедење на трошоци. Компанијата појасни дека „Broadcom“ е одбила да започне дискусии за вредноста на понудата на „Broadcom“ за „Qualcomm“. Договорот со „Broadcom“ продолжува да се соочува со „исклучително неизвесен пат кон одобрувањето на регулаторите“, додаде „Qualcomm“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП