29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗелени вертикални градини во Македонија - нов тренд во ентериерното уредување

Зелени вертикални градини во Македонија – нов тренд во ентериерното уредување

Условите за работа во институциите или компании не секогаш се добри.  Знаат да бидат затрупани  од работните бироа, компјутери и документи, а во некои простории и да нема доволно природно светло. Ќе се согласите тоа не се идеални услови за работа, кои влијаат на продуктивност и среќата на вработените.

Да се работи осум часа дневно во простории под вештачко осветлување не е пријатно, а да не споменуваме дека денес е луксуз да се има канцеларија со прозорци со поглед на било какво зеленило.

Но денес, благодарение на технологијата многу лесно можете вашиот дом или канцеларија да ги претворите во зелена оаза. Вертикалните градини во ентериерите постојат долго време, но сега има и комплетно нов концепт.

Flowercity.mk во соработка со Пирин Експорт Ви нуди можност за уникатна зелена декорација за било кој ентериер. Вертикални градини направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, кои можат да се постават на било кое место во просторот. Станува збор за декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, кои не бараат одржување, нахранување, наводнување ниту пак светлина. Треба да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди.

Иновативен и единствен производ од својот вид, во форма на вертикални градини, врамени дизајни, топки, бонсаи дрва и растенија, кои го одземаат здивот. Природни растенија третирани со биоразградлива формула, кои што овозможуваат зеленило онаму каде што малиот простор или пак условите не овозможуваат градина и зеленило.

Ако сакате зеленило, во простор каде  ни кактуси не успеваат, тогаш ова е вистинското решение за вас. повеќе инфо на https://flowercity.mk/

Предности на зелените градини:

-го разубавуваат просторот

-нема потреба од одржување, освен повремено чистење на прашина

-не одземаат од просторот

-не бараат знаење за нивно одржување

-имаат гаранција од 5 години

-поднесуваат големи осцилации во температурата

-нема потреба да се плашите дека ќе овенат

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП