28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМоtorola најавува враќање на пазарот

Моtorola најавува враќање на пазарот

mot

Извршниот директор на„ Motorola Mobility“, Денис Вудсајд конечно објави повеќе информации за бизнис плановите на компанијата. Откако компанијата беше превземена од „Google“ за 12.5 милијарди долари, „Motorola“ не претстави никакви нови производи, а зебележа и дополнителени 271 милион долари загуба во првиот квартал од оваа година.

Многумината купувањето на „Motorolа Mobility“ го сметаат како еден од лошите потези на „Google“, но Вудсајд го тврди спротивното со тоа што го најави доаѓањето на нови производи. Според неговите зборови „Motorola“ до октомври ќе го престави моделот „Moto X“ за кој веќе некое време кружат гласини, но најавува и многу други паметни телефони. Сепак тој не говореше за детални спецификации или дизајнот на уредот „Moto X“, но објави неколку интересни информации.

„Moto X“ би требало да биде свесен за околината во која се наоѓа, па така ќе се прилагодува на начинот на работа. Овој паметен телефон би требало да знае дали се наоѓа во „џебот“ од пантолоните или во автомобил кој се движи и аналогно да го подесува своето работење. Постојаното работење за следење на околината сигурно негативно ќе влијае на автономијата на работата на батеријата, на што Вудсајд коментира дека поради тоа „Motorola“ во уредот имплементирала два процесори. Уредот кој ќе биде за сериско производство ќе се произведува во САД во фабриката во Тексас каде што има 2000 работници.

Покрај тоа „Motorola“ во соработка со „Google“ ќе работи на развој на своите идни уреди кои ќе имаат значајни технички иновации и револуционерни решенија. Сите нови производи на оваа компанија би требало да се најдат на пазарот до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП