29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона ќе достигне 1 милијарда евра годишна продажба пред предвиденото

Барселона ќе достигне 1 милијарда евра годишна продажба пред предвиденото

Шпанскиот фудбалски клуб Барселона најверојатно ќе го достигне таргетот од 1 милијарда евра годишни продажби, во позадината на зголемувањето на приходите од телевизиските права и продажбата на билети, изјави претседателот на клубот Пеп Бартомеу.

Третиот најголем фудбалски клуб во светот може да достигне 900 милиони евра приходи во оваа сезона, што ќе претставува скок од над 20%, во споредба со претходните 12 месеци, изјави Бартомеу во интервју за „Bloomberg“.

Клубот е близу до потпишување на спонзорски договор со кој ќе се реновираат дел од објектите, вклучувајќи и стадион Ноу Камп, рече Бартомеу.

„Ќе генерираме 1 милијарди евра приходи годишно пред 2021-ва година, што е добра вест за клубот“, рече Бартомеу пред натпреварот на Барселона со Челзи вчера, кој заврши 1:1. „Ова значи дека фудбалската индустрија расте, што е добро за навивачите“.

Барселона се наоѓа на трето место на годишната листа на сметководствената компанија „Deloitte“ на најбогатите клубови, со приходи од 648 милиони евра за сезоната 2016-17.

Пред клубот се само Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Британскиот клуб ја предводи листата со продажба во износ од 676 милиони евра, според „Deloitte“.

Каталонскиот клуб се најде во „окото“ на политичката бура во последниве месеци, откако сепаратистичките лидери во регионот се обидоа да ја одвојат Каталонија од Шпанија. Многу приврзаници гледаат на клубот како на симбол на каталонската гордост, а за време на домашните натпревари имаше скандирања за „независност“.

„Спонзорите не се загрижени за тоа“, вели Бартомеу. „Главната грижа на играчите е дека треба да играме и да сме конкурентни“.

Бартомеу потврди дека клубот нема да ја продаде 30-годишната ѕвезда Лионел Меси по никаква цена, откако во ноември вклучи клаузула за одрекување во износ од 700 милиони евра во неговиот договор.

Бартомеу изјави дека очекува Меси да го обнови сегашниот четиригодишен договор, кога ќе истече и да „остане засекогаш“ во клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП