28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

Tрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ организира втора научна трибина „Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија“. 

Оваа трибина за разлика од првата, како што посочуваат од Здружението, е од медицински карактер. Предавачи ќе бидат проф. д-р Арбен Таравари, ексминистерот за здравство и специјалист-невролог, доц. д-р Аспазија Софијанова, специјалист-педијатар и професорка на Медицинскиот факултет, д-р спец. Нико Беќаровски, специјалист-токсиколог, д-р Дарко Костовски, специјалист психијатар во ГОБ 8-ми Септември, ас. д-р Филип Гучев, специјалист ревматолог, и д-р Игор Стојковски, специјалист онколог.

Трибината ќе се одржи на 7 март 2018 година, во „Кино Култура“, од 13 до 15.30 часот. Лани во организација на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ – Скопје и Здружението на млади кривичари се одржа научна расправа на тема „Легализација на канабисот, да или не?“.

Пред бројната публика на стручната расправа излагање имаа адвокати, судии, професори и обвинители, кои говорејќи за легализацијата на канабисот од правен аспект, заклучија дека за прашањето за легализација на канабисот мора да се следат современите трендови и, во таа насока, да се отвори сериозна јавна дебата за усогласување на законодавството со либералните концепти за легализацијата на канабисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП