20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустрија за мебел: дивите мајстори најголем проблем

Индустрија за мебел: дивите мајстори најголем проблем

Едни плаќаат даноци и придонеси а други работат на диво и им ги земаат муштериите. Производителите на мебел се жалат на нелојална конкуренција.

Дивите мајстори не се ниту поевтини ниту по квалитетни. Ова го тврдат сопствениците на легалните компании за мебел. Велат дека тие гарантираат за квалитетот, плаќаат давачки и придонеси за вработените, даноци за секој продаден производ, а оние кои работат на диво не плаќале ништо а наплатувале повеќе.

„Многумина се одлучуваат за поевтината варијанта иако често се случува и дивите мајстори да имаат солидни па дури и повисоки цени од масовното производство. Сепак, во јавноста преовладува мислењето дека тие се поевтини па затоа и земаат најголем дел од пазарот. Сепак, мебелот од фабрика не се споредува со оној направен во гаража“ вели менаџер во салон за мебел кој што има и сопствени погони за производство.

Конкуренцијата е добра за бизнисот, но само доколку е легална. Проблем не е големиот број на погони за мебел туку уште поголемиот број на диви односно нерегистрирани мајстори.

„Конкуренцијата е голема, но е добра за бизнисот. Ни дава мотив да произведуваме се поквалитетен и поквалитетен мебел, да воведуваме нови технологии за да бидеме поконкурентни на пазар“ вели менаџер на салон за мебел од Гостивар.

Големиот број на компании во овој сектор и нелојалната конкуренција ги натераа производителите да ги задржат постојните цени и покрај поскапите репроматеријали.

Државниот завод за статистика измери дека мебелот поевтинел за 0.1% во јануари 2018-та во споредба со истиот месец од 2017-та. Производството на мебел било поголема за 0.9% во 2017-та во однос на 2016-та.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП