20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗбогум за Partner: Добродојде Peugeot Rifter! (фото+видео)

Збогум за Partner: Добродојде Peugeot Rifter! (фото+видео)

По новите генерации на модели „Citroen Berlingo“ и „Opel Combo Life“, претставен е и третиот член на „PSA“ семејството на мали мултифункционални возила.

За разлика од другите два модели кои ги задржија постоечките имиња, „Peugeot“ ја промени ознаката на своето возило, па така „Partner“ стана „Rifter“.

Освен предниот дел, по кој се разликува од „сестринските“ модели, „Peugeot Rifter“ има речиси идентичен дизајн со надворешноста како и новите „Berlingo“ или „Combo Life“.

Нормално, иста е и механичката платформа на сите три автомобили, па наследникот на „Partner“ исто така ќе биде достапен во кратка (4,4 m) и долга (4,75 m) верзија.

Подолгиот „Peugeot Rifter“ ќе може да се нарачи во верзии со 2 или 3 реда седишта, односно за превоз на 5 или 7 патници. Седиштата се модуларни, па конфигурацијата на кабината лесно може да се промени ако постои потреба за превоз на поголеми предметни, наместо патници.

Благодарејќи на системот „Magic Flat“, ќе биде можно да се соборат седиштата па да се порамнат со подот на багажникот, а со тоа се добива голем користен простор, но оваа опција ќе се најде во продажба малку подоцна.

Стандардниот „Peugeot Rifter“ со 5 седишта има багажник од 775 литри, додека продолжениот модел со преклопени наслони на седиштата достигнува дури 4.000 литри товарен простор.

„Peugeot“ најави дека ќе го продава „Rifter“ и во верзија со погон на сите 4 тркала.

Моторизацијата се состои од 5 погонски едници – два бензинци и три дизели.

Oсновната бензинска верзија е 1.2-литарски „PureTech“ со 110 ks и петбрзински мануелен менувач. Помоќниот бензинец испорачува 130 коњски сили, а е поврзан со осумстепен автоматик.

Покрај тоа, оваа верзија има и филтер за пречистување на ситните честички со цел да се намали емисијата на штетни материјали во издувните гасови.

Oние кои преферираат дизел верзија, можат да изберат еден од трите 1.5-литарски „BlueHDi“ мотори.

Oсновниот произведува 75 ks и поврзан е со петбрзински мануелен менувач, средниот испорачува 100 ks, и исто така во пар со петбрзински менувач, додека за најмоќниот од 130 ks е резервиран шестстепен мануелен менувач или изборен автоматик со 8 степени на пренос.

Во понудата ќе се најде и луксузна „GT Line“ верзија, која ексклузивно ќе биде достапна со „Quente“ кафена нијанса на надворешноста, елегантни 17 инчни алуминиумски бандажи и единствени навлаки на седиштата.

Инструмент таблата е во склад со најновите трендови на компанијата „Peugeot“ кои ја опфаќаат втората генерација на „i-Cockpit“ со издигнати инструменти и пониско поставен волан, додека на врвот на централната конзола се наоѓа екран на мултимедијалниот систем со дијагонала од 8 инчи, исто како таблет.

Во понудата е вклучен и „head-up“ дисплеј пред возачот.

Tука се и бројните електронски системи за асистенција кои го прават возењето побезбедно и покомфорно, меѓу кои е и технологијата за препознавање поспаност и замор кај возачот, со аларм.

„Peugeot Rifter“ ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Женева кој се одржува од 6-ти дo 18-ти март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП