25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска се прашува каде да ги чува конфискуваните биткоини

Финска се прашува каде да ги чува конфискуваните биткоини

Властите во Финска се обидуваат да пронајдат начин за складирање на речиси 2.000 биткоини што земјата ги заплени.

Поголем дел од средствата кои во моментов се во вредност од околу 23 милиони долари, биле запленети во рамките на неколку операции од 2016-та година, објавија од царинската служба во Хелсинки.

Тешкотиите при складирањето на биткоините се појавија откако властите во земјата објавија вчера нови насоки за контрола на виртуелната валута. Од нив е јасно дека надлежните органи одговорни за нив нема да имаат право да ги задржат во размена на виртуелната валута.

Наместо тоа, тие ќе мора да се чуваат надвор од интернет просторот, станува јасно од документот на Министерството за финансии, цитиран од „Bloomberg“.

Царинските власти не известуваат каде во моментов ги држат виртуелните пари.

Новите одредби исто така наведуваат дека државните органи не треба да се однесуваат кон биткоинот или други слични дигитални платежни средства како кон вистински валути. Според текстот од Министерството за финансии криптовалутите се предност, кој исто така не може да се користи или употребува како средство за плаќање или како инвестиција.

Запленувањето на криптовалутите од финските власти сепак можат да бидат претворени во евра, но дури откако во сила ќе влезе судската одлука за нивното одземање.

Исто така продажбата на биткоини или други дигитални валути треба да се врши преку јавно наддавање, а не во менувачници, кои можат да бидат недоволно сигурени или нивната активност да не е доволно транспарентна, посочуваат уште од Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП