24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart објави профит под очекувањата

Walmart објави профит под очекувањата

Најголемиот синџир продавници во светот „Walmart“ забележа помал од очекуваниот профит за кварталот, истакнувајќи го остриот пад во растот на онлајн продажбата во клучниот празничен период на крајот на минатата година, соопштува „Ројтерс“.

Онлајн продажбата на компанијата се зголеми за 23% во четвртиот квартал од годината. За споредба, три месеци претходно продажбата на онлајн продажбата достигнала 50%. „Walmart“ објасни дека падот во онлајн продажбата во голема мера се очекуваше поради континуираното инвестирање во проширувањето на бизнисите. Во исто време оперативните проблеми поврзани со залихите дополнително ја оштетија продажбата.

Без еднократните ефекти, заработката на „Walmart“ по акција достигна 1,33 долари, со средна проценка на аналитичарите од 1,37 долари. На годишна основа, компанијата објави раст на продажбата на американскиот пазар повеќе од три години, што досега не беше постигнато од страна на кој било продавач на мало.

Приходите за малопродажбата за кварталот се зголемија за 4,1% на 136,3 милијарди долари, што е повеќе од очекувањата за 134,9 милијарди долари.

„Walmart“ предвиде нето добивка од 2,17 милијарди долари, или 73 центи по акција, во споредба со 3,76 милијарди долари, или 1,22 долари по акција, една година порано.

Компанијата се подготвува да издаде обновен веб-сајт во оваа година, со фокус на модата и домашните производи. Компанијата ќе работи со „Lord & Taylor“.

„Walmart“ очекува онлајн продажбата да достигне околу 40% за фискалната година.

Минатата недела стана јасно дека „Walmart“ води разговори за купување на удел од над 40% во индиската компанија за електронска трговија „Flipkart“, со што упатува директен предизвик на „Amazon.com“ во третата по големина економија во Азија.

Во една од своите најголеми зделки во странство, американскиот малопродажник сака да купи нови и постоечки акции на „Flipkart“, а „длабинската анализа“ (анализа на ризикот при купувања или спојувања) можеби ќе почне уште оваа недела, објавија извори кои побарале анонимност, бидејќи информациите не е јавна.

Во претходна трговија, акциите на „Walmart“ се намалија за 7,61%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП