28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат странските инвестиции во Бугарија

Растат странските инвестиции во Бугарија

Директните странски инвестиции во Бугарија минатата година изнесувале 909,9 милиони евра, што е за 241,7 милиони евра повеќе во однос на 2016 година, покажуваат податоците на Бугарската народна банка.

Најголемиот странски инвеститор е Холандија со 669,3 милиони евра, а потоа Швајцарија и Германија.

Најмногу странски инвестиции се регистрирани во секторот за трговија 299,1 милион евра, потоа во финансиите и осигурувањето 275,1 милиони евра и во преработувачката индустрија 253,7 милиони евра.

Во недвижнините се инвестирани 216,5 милиони евра.

Најголемите странски инвестиции во Бугарија се регистрирани во 2015 година кога странските компании инвестирале 2,4 милијарди евра.

Според податоците на централната банка, бугарските компании во странство минатата година инвестирале 275,6 милиони евра.

Година дена претходно бугарските инвестиции во светот изнесувале 320 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП