25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBHP Billiton оствари 25 отсто скок во добивката

BHP Billiton оствари 25 отсто скок во добивката

Глобалната рударска компанија „BHP Billiton“ објави 25 отсто скок во својата добивка за првата половина, поддржана од стабилните цени на металите. Таа ќе дистрибуира дополнителни 800 милиони долари на своите акционери, затоа што предвидува повисоки парични текови во втората половина, објави „Ројтерс“.

Плаќањето е слично на текот на конкурентот „Rio Tinto“ од претходно овој месец, додека големите рударски компании се надоместуваат од крахот на суровините пред две години и се обидуваат да ги намалат своите долгови и да ги наградат инвеститорите наместо да трошат.

Главниот извршен директор Ендрју Мекензи изјави дека очекува компанијата да ги зголеми слободните готовински текови до околу 7 милијарди долари во второто полугодие во однос на 5 милијарди долари во првото, ако цените на суровините се задржат на сегашните нивоа.

„Ова се многу силни темели на кои се позиционираме за остатокот од финансиската година 2018-та година“, рече тој.

Основната добивка за првите шест месеци до 31-ти декември порасна до 4,05 милијарди долари од 3,24 милијарди долари една година порано, но остана под пазарните предвидувања за околу 4,3 милијарди долари, посочува „Thomson Reuters“.

Привремената дивиденда од 0,55 долари по акција, исто така, е над дивидендата од 0,40 американски долари од минатата година.

„Дивидендите се подобари од очекуваното и тоа дефинитивно беше позитивно изненадување“, рече Енди Фостер, виш инвестициски директор во „Argo Investments“ – еден од 20-те најголеми акционери во акции на „BHP“.

„Но, дефинитивно гледаме притисок во цените да се појават во бизнисот. Дел од тоа е еднократен, но како целина притисокот во цените во индустријата повторно почнува да се гледа“, додава Фостер.

„BHP“, соочена со повиците на инвеститорот активист „Elliott Advisors“ да направи промени во својот бизнис, изјави дека за продажба на копнените средства во САД, која изнесува 14 милијарди долари, најверојатно ќе ги добие првите понуди во кварталот, вклучувајќи го јуни.

„BHP“ го намалил нето долгот за 23% до 15,4 милијарди долари во периодот и изјави дека е на пат да стигнат до својата цел меѓу 10 и 15 милијарди долари до крајот на годината.

Приходите на компанијата пораснаа за 16 отсто во првото полугодие на 21,78 милијарди долари, а приходите од бакар се зголемиле за речиси 52 отсто, поддржани од повисоките цени и рударското производство во Чиле. Приходите за екстракција на железна руда, најголемата поделба на „BHP“, скокнаа за 4,2 отсто, а цените на нафтата за 8,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП