18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно време со врнежи од дожд и од снег

Облачно време со врнежи од дожд и од снег

dav

Времето денеска ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер, информира УХРМ.

Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, особено попладне, а врнежите ќе продолжат и во ноќта до утре претпладне. Температурата ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.

Во Скопје времето, исто така,ќе биде облачно и од пладневните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб умерен југоисточен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Температурата ќе достигне до 8 степени.

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава.

Повеќе врнежи ќе има до утре претпладне кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување кое ќе се почуствува особено во вториот ден од викендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП