24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМобилното плаќање влегува на “голема врата” (видео)

Мобилното плаќање влегува на “голема врата” (видео)

Кешот полека заминува во историјата, поради тоа што на пазарите, како во светот, така и кај нас се почесто се употребуваат платежните картички, но новитет се и плаќањата со помош на мобилните уреди.

„Apple“ и „Android“ ги предводат мобилните плаќања, но со помош на издавачите на картички.

Досега сигурно имате слушнато за „Apple Pay“, „Android Pay“, па дури и „Samsung Pay“. Станува збор за првите официјални иницијативи кои ветуваат дека процесот на мобилно плаќање ќе „влезе на голема врата“. И додека „Apple Pay“ веќе остварува импресивни резултати во САД, а „Samsung Pay“ во Кореја и поврзаните пазари, „MasterCard“ како водечки „card issuer“ во Европа посвети развојни решенија кои на корисниците на овие услуги ќе им овозможат уште полесна употреба на напредните сервиси.

Најновото решение пристигна во форма на „MDES“ (MasterCard Digital Enablement Service) кое е засновано на процесот на токенизација, а со цел креирање на дополнителен безбеднен слој кој ја спречува злоупотребата при губење на уредот на кој се зачувани податоците за платежните картички. Во превод, наместо корисникот да го внесува 16-цифрениот број од картичката, на пример во својот смартфон, „MDES“ овозможува неговата банка да издаде посебен 16-цифрен број чиј токен е приклучен со картичката, а кој е поврзан со уредот.

Oд токен, преку дигитализација на податоците, до успешно извршено купување.

Токенизацијата во своја основа им овозможува на банките да им понудат на корисниците дополнителна вредност, т.е. олеснување во процесот при управување со картичките во случај на губење на уредот. На пример, доколку го загубите вашиот „iPhone“ на кој во „Apple Pay“ ги имате зачувано податоците од платежните картички. Иако на уредот му е потребен вашиот отпечаток од прстот (Touch ID) со цел купувањето да биде авторизирано, „MDES“ овозможува само да се укине токенот од тој уред, не и во целост да се блокира картичката, што значи со купување може да се продолжи со други уреди, на пример часовникот на „Apple“.

Бесконтактните плаќања станаа реалност

Кога следниот пат ќе влезете во продавница посветете внимание на „POS“ терминалот кој се наоѓа покрај касата. Во повеќето случаи терминалите денеска се опремени и со „NFC“ сензор кој овозможува т.н. безконтакнто плаќање. Во Европа, предводник на оваа технологија е токму „MasterCard“, a како што велат од компанијата, технологијата првично е претставена на подрачјето на Централна и Источна Европа каде на некои пазари во целост заживеаа, и денеска претставува секојдневие.

Оваа технологија е претставена уште во 2013-та година и досега е присутна во 24 земји, а наскоро се очекува да пристигне и во Македонија.

Сепак, може ли бесконтактната технологија потпре на се поголема пенетрација во мобилното банкарство поврзано со паметните телефони кои ветуваат иднина без картички, ќе видиме наскоро и токму на овие простори.

И од „MasterCard“ напоменуваат дека регионот на Централна и Источна Европа е глобален лидер во прифаќањето на иновации во банкарскиот сектор.

Не е прашањето дали, туку кога сите овие иновации ќе ги видиме во нашата земја, а според наши извори се очекува дека „MDES“ (MasterCard Digital Enablement Service) многу наскоро ќе се појави кај нас.

Од другите технологии кои можеме да ги очекуваме во блиска иднина е и „Selfie Pay“, како единствен систем за биометричка заштита на која „MasterCard“ веќе на големо работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП