29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилк Роуд Банка ќе исплаќа пензии секој први во месецот

Силк Роуд Банка ќе исплаќа пензии секој први во месецот

Силк Роуд Банка АД Скопје почнувајќи од март ќе врши исплата на пензиите секој први во месецот.

Доколку, пак, први е неработен ден (викенд или празник) исплатата на пензиите ќе се врши веднаш во првиот нареден работен ден, соопшти банката.

Исто така со добивањето на пензијата во Силк Роуд Банка пензионерите ќе имаат можност за добивање на кредитни картички на Американ Експрес со најниска каматна стапка од 8,5 отсто и бескаматен грејс период од 50 денови.

Оваа понуда важи за сите постојни и идни приматели на пензија преку Силк Роуд Банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП