24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈубилејниот BMW M4 Cabrio за 300 среќници (фото)

Јубилејниот BMW M4 Cabrio за 300 среќници (фото)

„BMW“ oваа година одбележуваа три децении од лансирањето на првиот „М“ модел со отворен покрив.

Tаа 1988-ма година „М“ одделението на „BMW“ одлучи на купувачите да им го понуди првиот кабриолет со високи перформанси, па во летото истата година пристигна првиот „M3 Cabriolet“ со 215 ks (158 kW).

Овој автомобил се произведуваше се до 1991-ва, а од производната лента слегоа вкупно 786 единици што на сопствениците на ова возило им гарантираше ексклузивитет.

Три децении подоцна, „BMW“ се присетува на првиот „М“ модел со отворен покрив низ специјална ограничена серија на современ духовен наследник – моделот „M4 Cabrio“.

Автомобилот со ознаката „BMW M4 Cabrio – Edition 30 Jahre“ ќе биде достапен во две бои на надворешноста (металик „Macao“ сина и темно жолта), а ќе бидат напревени само 300 примероци.

Сите возила ќе имаат дополнителне „M Competition“ пакет на опрема, кој помеѓу останатото вклучува и адаптивна суспензија, специјален издувен систем и активен диференцијал.

Благодарејќи на истиот пакет, подобрена е и погонската единица – шестцилиндарскиот 3.0-литарскиот „twin-turbo“ кој се наоѓа под хаубата и испорачува 450 ks (331 kW).

„BMW M4 Cabrio – Edition 30 Jahre“ поставен е на 20 инчни тркала, а производителот засега не објави на кои пазари ќе биде достапен и по која цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП