19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија е меѓу просечните земји во ЕУ според бројот на вработени во...

Македонија е меѓу просечните земји во ЕУ според бројот на вработени во културниот сектор

Според податоците на „Еуростат“, Република Македонија како земја претендент за членство во ЕУ, се најде во рангирањето за вработените во културниот сектор. Нашата земја во 2016-та во овој сектор има 3,2 посто од сите вработени, што е пад од 0,7 отсто во споредба со 2011-та година.

Трите земји во Европската унија (ЕУ) со најнизок удел на вработените во областа на културата спрема сите кои работат се Романија (1,6%), Словачка (2,5%) и Бугарија (2,8%), покажуваат податоците на „Еуростат“.

Највисок е уделот на вработените во секторот за култура во Естонија (5,3%), Луксембург (5,1%) и Шведска (5%).

Генерално, во ЕУ околу 8,4 милиони луѓе работат во културниот сектор или 3,7% од сите вработени. Помеѓу 2011-та и 2016-та година нивниот број расте со 549.000 повеќе работни места (7%).

Околу 2 милиони од нив се уметници или писатели, од кои речиси половината се самовработени (48%). Така меѓу овие активности се забележува многу висок удел на самовработените, во споредба 15-те проценти во просек за сите кои работат во ЕУ.

Нагласено е нивото на образование кај оние вработени во културниот сектор. Речиси 60% од нив имаат високо образование, при 34% удел на дипломирани студенти вкупно за Унијата.

Учество на вработените во културниот сектор во 2016-та година, „Еуростат“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП