29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во регионот највисока во Словенија и Хрватска, најниска во Македонија...

Просечната плата во регионот највисока во Словенија и Хрватска, најниска во Македонија и БиХ

Според последните официјални статистички податоци, највисоките просечни плати во регионот се во Словенија и Хрватска, а најниските во Македонија и БиХ.

Според последните официјални статистички податоци, највисоките просечни плати во регионот се исплатени во Словенија и Хрватска, а најниските во Македонија и Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).

Податоците од Бирото за статистика на Словенија покажаа дека на крајот на 2017 година просечната нето месечна заработка во Словенија пораснала на 1.062 евра, што е номинално зголемување од 3,1 проценти, а реално од 1,7 проценти во однос на 2016 година.

Минатата година и во приватниот и во јавниот сектор на Словенија забележан е раст на просечната месечна заработка. По Словенија следи Хрватска во која, според најновите податоци, просечната плата изнесува околу 835 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето плата по вработен во Хрватска за ноември минатата година изнесувала 6,190 куни или 832 евра, што на месечно ниво е номинален пораст од речиси три проценти, а на годишно од 6,6 проценти.

Следи Црна Гора во која, според најновите податоци од Заводот за статистика на Црна Гора (Монстат), просечната плата во последниот месец од 2017 година изнесувала 512 евра. Износот на просечната нето заработка во таа земја во декември останал ист како и во ноември, додека во однос на декември 2016 година забележат раст од 0,6 проценти.

Зад Црна Гора, највисоки просечни приходи се забележани во Србија каде, како што покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика, просечната нето плата во декември 2017 година изнесувала 54,344 динари, односно 459 евра, што е номинално и реално зголемување од 14,2 проценти во однос на месец ноември.

Најниски просечни плати во регионот на Балканот се забележани во Босна и Херцеговина и во нашата земја.

Според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, просечната месечна исплатена нето плата во БиХ во декември 2017 година изнесувала 862 КМ или 440 евра и таа е номинално повисока за 0,6 проценти во однос на претходниот месец, како и за 1,1 проценти повисока во однос на декември 2016 година.

Податоците на Заводот за статистика на Македонија покажаа дека во ноември 2017 година просечната нето месечна заработка во нашата земја изнесувала 23,196 денари, односно 377 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП