19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот кој се обиде да го забрани биткоинот беше пронајден мртов

Министерот кој се обиде да го забрани биткоинот беше пронајден мртов

Јужнокорејскиот владин министер, Јунг Ки-Џон (52), кој работел на програма за регулирање на криптовалутите, беше пронајден мртов.

Медиумите известуваат дека наводно тоа е срцев удар.

Официјални лица кои работеа со него за мерките за новиот закон се обидуваа да спречат шпекулации со криптовалути и нелегални активности, според портпаролот на локалната власт.

Полицијата започна истрага за смртта. Портпаролот, исто така, рече дека министерот бил под стрес откако ја презеде функцијата.

Јужнокорејските власти објавија дека ќе преземат строги мерки за тргувањето со криптовалути. Како што најави, треба да се воведе данок за тргување на овие валути.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП