25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА3 совети за успех од еден од најбогатите луѓе во светот

3 совети за успех од еден од најбогатите луѓе во светот

Директорот на „Alibaba“ и еден од најбогатите луѓе на светот, кинезот Џек Ма има 3 совети без кои, како што смета, не би дошол до успехот кој го направи 28 најмоќен човек во светот, според магазинот Форбс.

Ова се за него трите најважни совети кои на сите можат да им помогнат во остварување на успех во кариерата:

Морате да имате страст за работите кои ги работите

Само кога со полно срце и страст ќе му се посветите на развојот на сопствените производи и сервиси, ќе бидете посреќни и поблагодарни кога корисниците ќе ве пофалат. Ма смета дека луѓето кои почесто чувстваат благодареност кон другите лица и нивните достигнувања се подобро подготвени за успех.

Создавајте и истражувајте ги истите вредности кои ги делите со вашите корисници

Бизнисот не се сведува само на купување и продажба, туку и на создавање на исти вредности кои ќе ги делите со корисниците на вашите производи. Пронаоѓањето на личност која ги сака неговите производи е еднакво вредно како и пронаоѓањето на сродна душа.

Пронајдете начин на кој можете да ги подобрите своите производи и услуги

Исклучителните претприемачи ја зграбуваат секоја прилика и внимателно ги слушаат барањата на своите муштерии и вработени. Претприемачите никогаш не спијат бидејќи и после голем успех е потребно да продолжите со предадена работа и контантно да ги подобрувате и усовршувате производите и услугите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП