29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов ja доби наградата за лидер кој инвестира во новите генерации

Иванов ja доби наградата за лидер кој инвестира во новите генерации

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчеравечер во Истанбул ја прими наградата за „Најдобар светски лидер кој инвестира во новата генерација“, по повод прогласувањето на Школата за млади лидери за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна Светскиот форум на бизнис-ангели.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, на доделувањето на наградата македонскиот претседател бил придружуван од сопругата, Маја Иванова.

Претседателот во својот говор порачал дека целта на Школата за млади лидери е на најталентираните и најуспешните млади од Македонија и од регионот да им се овозможи она што не можат да го добијат во рамките на официјалниот образовен систем и дека истата е финансирана од приватниот сектор што е пример за јавно-приватно партнерство.

На Школата за млади лидери, која е лична иницијатива и проект што се организира под покровителство на македонскиот претседател, досега учествувале над 320 млади луѓе од Македонија и од регионот, како и над 180 врвни светски предавачи од областа на политиката, бизнисот, иновациите и комуникациите, информираат од претседателскиот кабинет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП