20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИмотите во Германија се преценети за до 35%

Имотите во Германија се преценети за до 35%

Вредноста на имотите во германските градови може да биде преценети за 15 до 30%, објави „Бундесбанк“. Германската централна банка предупреди дека отстапувањето може да достигне до 35% во најголемите градови како Берлин, Франкфурт и Минхен, соопштува „Ројтерс“.

„Бундесбанк“ одамна предупредува дека во позадина на просперитетната германска економија и рекордно ниските каматни стапки можеби се создаваат имотни „балони“ што е потенцијален ризик за финансиската стабилност.

Европската централна банка (ЕЦБ) го призна проблемот, но истакна дека имотните „балони“ не се вообичаена појава во 19-члената еврозона и се ограничени на неколку клучни градови и на луксузните бизнис имоти, кои бараат мерки на локално ниво, а не промена во монетарната политика.

Во февруарскиот извештај „Бундесбанк“ истакнува дека цените на недвижностите во Германија продолжиле да растат во 2017-та година, иако не толку брзо како што беше во претходните години.

Растот на продажните цени се искачи нагоре, како и цените за изнајмување, кои достигнаа највисоко ниво од раните 1990-ти, кога Германија се обедини.

Нови договори за изнајмување ги зголемија цените во 2017-та година во просек за 7,25%, додека во големите градови растот достигна 9,25%. Минатата година се зголемила и понудата на станови во Германија, што придонесе за стабилизирање на растот на цените, иако во градовите продажните цени на куќите се многу повисоки од оправдано ниво од долгорочни економски и демографски фактори, забележува „Бундесбанк“.

Други индикатори покажуваат дека зголемувањето на цените на куќите малку се забави во Германија во 2017-та година, иако во градовите зголемувањето достигнува 9%, што е повеќе од средното ниво од 7,5% во претходните три години.

Во седумте најголеми германски градови минатата година цените се зголемија за 1,75 процентни поени на 9,25%. Каматните стапки на хипотеките беа малку над 1,7% во 2017-та година, што е најниско ниво во историјата, забележува „Бундесбанк“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП