24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗОИ 2018: Словенечкиот хокеар Жига Јеглиќ позитивен на допинг тестот

ЗОИ 2018: Словенечкиот хокеар Жига Јеглиќ позитивен на допинг тестот

Словенечкиот хокеар, Жига Јеглиќ е фатен во користење на допинг, соопшти Спортскиот арбитражен суд (КАФ).

Примерокот на 29-годишниот хокеар, земена на Олимпијадата во Пјонгчанг, даде позитивен резултат за забранетиот препарат за фенотерол.

Јеглиќ е отстранет од хокеарскиот турнир во Пјонгчанг и мора да замине од Олимпиското село во рок од 24 часа.

Конечната одлука за случајот ќе биде донесена по завршувањето на Олимпијадата. Словенија го освои второто место во групата Б на машкиот хокеарски турнир.

Словенците утре играат бараж со Норвешка, а победникот ќе се состане во четвртфиналето со олимписките спортисти од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП